Средбата на Мицкоски со независната осумка не значи нивно враќање во партијата
Вчерашната средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со протераните пратеници од неговата партија не значи нивно враќање таму, пишува „Алсат“.
Страните тврдат дека разговараат за надминување на разликите во нацрт-законот за Јавно обвинителство и за судбината на СЈО. Сепак, од групата која брои осум пратеници не ја исклучува можноста дека ако пропаднат преговорите за обезбедување 2/3 гласови за Законот за Јавно обвинителство, ќе го поддржат разрешувањето на главниот обвинител Љубомир Јовески.
ВМРО-ДПМНЕ, која 8-те пратеници ги оцени како предавници поради тоа што ги поддржаа уставните измени за името ан државата, сега смета дека на средбата на лидерот на опозицијата со протераните пратеници нема ништо чудно.
ДУИ ја оправдува средбата. Според пратеникот Артан Груби, со осумте пратеници преговараат и власта и опозицијата.
„Гледам позитивен дијалог меѓу премиерот Зоран Заев и пратениците во Собранието на Македонија, а истото се обидува да го направи и лидерот на опозицијата“, рече Артан Груби, пратеник на ДУИ.
Средбата на Мицкоски со осумте исклучени пратеници од Коалицијата за подобра Македонија дојде кога опозицијата и власта ги продлабочија разликите околу судбината на СЈО и законот за Јавно обвинителство. Власта бара СЈО како посебен оддел да биде вклучено во Јавното обвинителство, додека опозицијата бара прво да добие право да го предлага државниот обвинител, додека СЈО да продолжи да функционира без Катица Јанева и дел од другите обвинители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа