СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се против правдата зошто не ги вметнавме насоките на Груевски од Будимпешта
ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во својата матрица на одбрана на криминалот. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против против правдата, против Специјално јавно обвинителство како посебно обвинителство. Затоа опозициската партија наместо конкренти амандмани и предлози за законскиот текст, поднесува некакви лажни принципи и насоки, обвинуваат преку сиоопштение од СДСМ.
Од партијата велат дека Законот за Јавно обвинителство е важен за владеењето на правото, клучен за отворање на преговорите со ЕУ и ја покажува ориентацијата на Владата предводена од СДСМ, државата да чекори по патот на правдата, по вистинскиот пат.
„Новиот закон ги опфаќа сите меѓународни принципи, но во него не се вметнати насоките на Никола Груевски од Будимпешта.
Повторно ВМРО-ДПМНЕ ги става партиските пред државните интереси.
Колку и да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, СЈО мора да продолжи како посебно обвинителство, а новиот закон за јавно обвинителство е најсоодветното решение кое е во интерес на правдата, државата и граѓаните“ се вели во нивното соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа