СДСМ: Донесовме повеќе пари и работни места за граѓаните

 

СДСМ денеска со соопштение се огласија и кажаа дека со нив и нивните политики индустриското производство во февруари бележи раст од 7,3 отсто идржавата е на вистински пат.

Ви го пренесуваме интегрално соопштението на владејачката СДСМ:

Индустриското производство во февруари бележи раст од 7,3 отсто, економијата е раздвижена, државата е на вистински пат

Економските показатели се јасни и континурано ја потврдуваат успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ.

По највисокиот раст на индустријата во последните седум години, индутријата продолжува да расте и во 2019 година.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статитика, индустриското производство во февруари 2019 бележи раст од 7,3 отсто споредено со истиот месец од 2018.

Истовремено растот на индустријата за периодот јануари-февруари 2019, е за 9.6 отсто повисок во однос на истиот период од минатата година.

Годините на уназадување, додека државата се наоѓаше во неизвесност и изолација, се зад нас. Денес, со придвижувањето во процесот на интеграциите, со извесното членство во НАТО, економијата е стабилизирана и се движи во добар правец.

Со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ, дополнително ќе се интензивираат позитивните еконосмки трендови. Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места, нови инвестиции, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2019 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега