Средба Славески – Паолучи: Народната банка и Светска банка ја зајакнуваат соработката за економска стабилност и развој

 


Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари прва работна средба со директорот на Светската банка во Северна Македонија, Масимилијано Паолучи.

На средбата беше нагласено дека Народната банка е кредибилна институција и столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјата. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на досегашната успешна соработка меѓу двете институции и изразија подготвеност за продлабочување на партнерството, особено во контекст на структурните реформи, дигитализацијата и унапредувањето на сеопфатноста и отпорноста на економијата.

Гувернерот Славески посочи дека Народната банка и во иднина ќе биде отворена за соработка во областа на техничката помош и анализа, особено преку проекти коишто ќе придонесат за натамошно зајакнување на институционалниот капацитет, како и за поддршка на политиките за финансиска вклученост и одржлив развој.

Директорот Паолучи истакна дека Светската банка е свесна за значајната улога на Народната банка во одржувањето на стабилноста и на довербата во економијата и изрази подготвеност за понатамошна поддршка на процесите важни за економскиот напредок на земјата.

17.06.2025 - 10:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега