СДСМ: Започнува победничкиот караван на Стево, средби со граѓани, конвенција, граѓански трибини и митинзи оваа недела

 

Во текот на утрешниот ден (01.04.2019, понедленик), кандидатот за претседателна СДСМ, Стево Пендаровски ќе биде помеѓу граѓаните на општина Пласница (13:00), Македонски Брод (14:00), Долнени (15:10), Кривогаштани (16:30) Крушево (19.00) и Прилеп (20:30 часот).

По средбите со граѓаните на Пласница, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани, Стево Пендаровски ќе учествува на отворена трибина со граѓаните на Крушево.На оваа трибина ќе се приклучи и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Подоцна, со почеток во 20.30 часот, на градскиот плоштад во Прилеп, ќе се одржи централниот настан, отворена трибина со граѓаните на Прилеп на која ќе се обратат Стево Пендаровски, кандидат за претседател и Зоран Заев, претседател на СДСМ. 

Ова е целосниот распоред каравaнот за првата недела од кампањата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2019 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега