УЈП не може да го затвори хотелот во центарот на Скопје бидејќи во него има гости
Управата за јавни приходи не може да го затвори хотелот во центарот на Скопје бидејќи во него се уште има гости. Согласно законот, на хотелот му е даден рок од три дена за да ги испразни собите па потоа ќе доби клуч на врата.
УЈП утрово објави дека во вчерашните активности на даночните служби во Скопје, регистриран е еден случај на обид за спречување на контрола на фискализација во познат маркет, на патот Сингелик-Арачиново. При контролата, даночниот обврзник се обидел да ја уништи сопствената финансиска документација која била предмет на проверка, а во која даночниците утврдиле прикривање на готовинскиот промет. И покрај ваквата “снаодливост“ на обврзникот, контролата е успешна завршена.
Од вкупно 11 деловни објекти во населбите Автокоманда, Сингелик и Маџари