Адмирал Килинган импресиониран од придонесот на АРМ во мировните мисии
Kомандантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Брус Клинган, од денеска е во дводневната официјална посета на Македонија.
Командантот оствари средба со началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и со министерот за одбрана Талат Џафери.
Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Котески ја потенцирал заложбата и аспирациите на Република Македонија за полноправно членство во НАТО, како и посветеноста на АРМ за понатамошно одржување на достигнатите интероперативност и оперативна способност за учество во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН. Тој посебно го нагласил спроведувањето на Концептот за оперативни способности на НАТО.
Адмиралот Клинган истакна дека е импресиониран од придонесот кој Република Македонија и АРМ го даваат со учеството во мировните мисии, додавајќи дека соработката со АРМ игра значајна улога во реформските процеси на Армијата, како и во донесувањето на важни одлуки во планирањето на операциите на Алијансата.