ВИДЕО: Шема распали по Грците во Советот на Европа

 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски во денешното обраќање пред Советот на Европа побара Европскиот парламент да ги преиспита акредитивите на грчката Златна зора и да не се дозволи нејзини пратеници да бидат дел од ЕП. Смета дека пратениците треба да побараат конечна забрана за оваа партија и отворање судски случаи против нејзините активисти.

Во своето обраќање Ивановски истакна дека Златна зора, која има осуманесет пратеници во грчкиот парламент, применува модерни квази-националистички политики и дела, кои се реално класични неофашистички или неонацистички однесувања и делувања.

- Познато е дека активисти на Златна зора летово оштетија триесетина автомобили на македонски туристи во Грција. За жал, нема полициска или судска постапка против овие неприфатливи дејства против моите сограѓани, рече Ивановски.  

Според него, Европскиот Парламент и Советот на ЕУ не треба да бидат тивки и пасивни во однос на оваа грчка фашистичка, парамилитарна, криминална организација.

- Нивните дејствија треба гласно да ги осудиме. Треба да повикаме на конечна забрана за оваа партија и отворање судски случаи против нејзините активисти. Најмалку што можеме да сториме е да ги преиспитаме акредитивите на Златна зора и нејзините парламентарци овде во Европскиот Парламент и да не се дозволи парламентарците од Златна Зора да членуваат овде. За таква партија не смее да има место во слободни, фер и демократски општества, рече Ивановски.

- Ние ги поддржуваме сите правни постапки на грчките институции против Златна Зора и нејзините пратеници и членови, но истакнуваме дека тие требаше да бидат преземени многу порано, бидејќи активисти на Златна зора и порано правеа брутални, насилни и правно и политички неприфатливи дејства против имигранти, активисти за човекови права..., изјави Ивановски. 

01.10.2013 - 16:26

најчитано сега