Несреќа во Тетово: Загина градежен работник

 

А.Р.(36) од Тетово го загубил животот откако паднал од кат на куќа во изградба, изведувајќи градежни работи.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, инцидентот се случил денеска околу 14 часот и 30 минути додека работникот од вториот кат со макара спуштал вреќа со градежен шут.

- Во еден момент вреќата се откачила по што го повлекла и работникот кој паднал на земја, здобивајќи потешки повреди. Негов колега веднаш го пренел во клиничката болница во Тетово од каде итно бил упатен на скопските клиники, но кога пристигнал таму лекарите само ја констатирале неговата смрт, изјави Јосифоски.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа на СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител.

За еден месец ова е втор смртен случај при извршување градежни работи откако во септември работник загина при пад од објект во изградба во селото Желино

01.10.2013 - 20:56

најчитано сега