Шеќеринска: Гласајте за Стево за да не ни се иселуваат децата
Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска беше во посета на Радовиш. На средбите со граѓаните шекеринска ги потенцираше најголемите придобивки од интеграциите, истакнувајќи ја најважната да ги задржиме младите дома, да им обезбедиме сигруна индина.
"Тоа што го постигнавме како Влада и ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО има историски огромна важност бидејќи само по тој пат можеме да ја зајакнеме економијата, да продолжиме да ги покачуваме платите, да бидеме стимул младите да останат дома. Само со европска иднина, со инвестиции, со повисок животен стандард ќе бидеме причина младите да работат и останат тука, кај своите семејства" - изјави Шеќеринска.
Потпретседателката Шекеринска посочи дека овие избори се исклучително важни бидејќи само со вистински претседател, со Стево, државата може да продолжи по вистинскиот пат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа