ДУИ: Ние имаме подобар кандидат за Претседател од Пендаровски - тоа е Талат Џафери

 
Шефот на Центарлниот изборен штаб на ДУИ Иџет Меџити на средбата со граѓаните во Битола истакна дека на земјата не и потребен проблематичен претседател, туку претседател кој ќе биде актер и фактор во овие процеси за зачленување на Северна Македонија во НАТО и Европска Унија, при што со зачленување во овие две алијанси ќе има политичка стабилност, странски инвестиции и подобар стандард за граѓаните. 
 "Од друга страна втората причина зошто не сакавме да излеземе со кандидат Албанец е затоа што се ризикуваше интеграцискиот процес, иако ние имаме кандидат Албанец по спремен за претседател на Северна Македонија а тој е Талат Џафери, кој е Претседател на Собранието. Но излегувањето со кандидат Албанец во првиот круг ќе беше можност за кандидатот на ВМРО, Силјановска да и се приближи на консензуалниот кандидат Пендаровски и со ова ВМРО-ДПМНЕ да побара предвремени избори со што ќе се ризикуваше Преспанскиот и Охридксиот Договор и интегративните процеси во кои чекори Северна Македонија", истакна Меџити пред граѓаните на Битола.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2019 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега