СДСМ: Силјановска работи по насоки на Груевски па молчи за луксузните лустери

 

СДСМ денеска со прашање до Силјановска за лустерите на ВМРО.

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска се уште не се изјасни за луксузните лустери што ВМРО-ДПМНЕ, партијата што стои зад неа, се обидува да ги прошверцува.

Сиљановска во јавноста постојано зборува за правда, но молчи за тоа што ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиј имот е замрзат во судски процеси, донира луксузни предмети во ек на изборна кампања.

Го праша ли Сиљановска Мицкоски колку чинат, како се набавени и во кој финансиски извештај се пријавени скапите лустери поставени во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ изграден на грбот на граѓаните, во време на најголема сиромаштија?

Што мисли Сиљановска за имотот на ВМРО ДПМНЕ кој е замрзнат во судски случаи?

Молкот на Сиљановска по овие прашања потврдува дека таа е дел од матрицата на лаги, лажни вести и лажн патриотизам на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Сиљановска сака да биде само новиот Ѓорге Иванов, партиски послушник кој ќе работи по насоки од Будимпешта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега