Ѓорѓиевски: Се случи еден од поголемите грабежи, а Спасовски оди на партиски митинзи додека МВР молчат
„Како наближува денот на изборите зачестуваат разбојништвата и кражбите. Спасовски наместо да работи во насока на подобрување на безбедноста и сузбивањето на криминалот оди по партиски митинзи за промоција на Стево Пендаровски.
На само 5 дена пред изборите за претседател на Република Македонија се случи еден од поголемите грабежи во изминатиов период.
Во текот на вчерашниот ден вооружени разбојници влегле во експозитура на НЛБ Банка во Бутел и од банката одзеле поголема сума на пари, по што со возило се впуштиле во бегство, кое истото подоцна и го запалиле.
Многу траги, многу дејствија во мал простор, а МВР на Спасовски молчи. Поминаа речиси 24 часа, а Спасовски ги нема пронајдено ограбувачите на експозитурата на НЛБ Банка во Бутел. Оливер Спасовски или е неспособен или намерно го прикрива настанот.
Спасовски мора да одговори зошто се молчи повеќе од 24 часа? Зошто МВР, иако има бројни дејствија кои се случиле на мал простор се уште нема сознание за ограбувачите? Дали власта ги крие ограбувачите и со која цел? Дали парите од грабежот ќе бидат користени за изборен поткуп пред, но и на денот на изборите.“, изјави Ѓорѓиевски од пред седиштето на МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа