Силјановска: Кога ќе станам претседател, ќе ви кажам дали ќе ги потпишам законите кои Иванов не ги потпиша

 

Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска во вечерашната дебата на ТВ 21 не сакаше да каже дали ќе ги потпише или не законите кои Иванов не ги потпиша. Рече дека ги има прочитано законите, но кога ќе се најде на функцијата, сака тогаш да ги преиспита.

-Немам намера да го бранам Иванов.  Но, не можам да не укажам за следново: одговорен Парламент кога претседател кога ќе стави вето, оди забелешка по забелешка и дава одговори, а не гласа веднаш. Јас ќе ги преиспитам законите, и ако се уставни ќе ги потпишам. Кога ќе се најдам на функција сакам тогаш да видам дали ќе имам забелешки. Кога ќе дојдам на функција, тогаш ќе ви кажам. Јас сум легалист, рече Силјановска.

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега