Брутално нападнат конзулот на Холандија
Според хрватските медиуми, конзулот на Холандија , Силвија Кондич, денеска била брутално нападната во својата канцеларија во Котексовиот облакодер во Сплит.
Напаѓачот ја прободел со нож во глава и и нанел тешки телесни повреди. Седумдесет и две годишната Кондич е префрлена во Клиничко-болнички центар во Сплит.
Таа не е во животна опасност, а сплитската полиција го потврдила нападот и нагласила дека трага по сторитело.
02.10.2013 - 14:59