Ѓорчев: Се покажа дека оваа власт е поранлива отколку што изгледа
Главната порака од првиот круг на претседателските избори е дека оваа влада и политиките се делегитимирани. Околу 400 илјади граѓани гласаа за опозицијата. Она што се создава како доминантно расположение е незадоволство од власта, рече Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија 1.
-Се покажа дека оваа власт е поранлива отколку што изгледа. Од 85 општини власта победи едвај во 17 општини. Ако ја видите разликата во гласови во дел од општините во корист на Силјановска е поголема. Онаму пак каде води Пендаровски гласовите во негова корист се околу сто, двеста, разлика која лесно се надоместува, рече Ѓорчев. Спорд него ова укажува на тоа дека се создава опозициско расположение.
-Ќе упатиме порака до сите граѓани во Македонија за вториот круг, а незадоволството од власта се концентрира кај Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ. Има и околу 150 илјдаи гласа од СДСМ кои останаа дома и не гласаа, а не се подготвени да го дадат гласот за ВМРО-ДПМНЕ, треба да работиме и со нив, посочи Ѓорчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа