ВМРО-ДПМНЕ: На Шилегов и Богоев им требаше годин ипол за да излезат и да го работат она за што се платени

 

На Петре Шилегов и на Стефан Богоев им требаше годин ипол за да излезат и да го работат она за што се платени, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Петре Шилегов .

„Шилегов и Богоев година ипол не направија ништо за Скопје и за Карпош. Шилегов и Богоев се најнеспособните градоначалници во историјата на Скопје и Карпош.

Денес Шилегов и Богоев се пофалија дека почнале да чистат депонија, за која имале година ипол да ја исчистат. Шилегов и Богоев повторно ништо не работат, но поради поразот на  претседателските избори и на нивниот кандидат Стево Пендаровски излегоа пред камери да даваат бледи изјави и да се преправаат дека нешто работат.

Скопје му го сврте грбот на СДСМ. Скопје му сврте грб на Заев, Пендаровски, Шилегов и Богоев. Скопје и скопјани сакаат работа и посветеност, иневестиции на секое поле, а тоа се работи кои од СДСМ  не ги видоа.

СДСМ продолжува да тоне во Скопје, затоа што скопјани не се нискоинтелегентни за да им поверуваат на лагите. СДСМ губи и ќе изгуби и во вториот круг. Затоа што Скопје и скопјани сакаат претседател на државата кој е за право и правдина. Скопје ќе ја избере Гордана Силјановска Давкова“, стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега