СДСМ: Од ВМРО-ДПМНЕ во наследство добивме загаден воздух

 

СДСМ денеска со соопштение за јавноста, а ви го пренесуваме интегрално.

 

Загадениот воздух и нечистата животна средина се единствено наследство од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, граѓаните пак ќе ги поразат нивните деструктивни политики

Периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со Скопје ќе остане запаметен како период на уназадување и уништување на квалитетот на живот во Град Скопје.

Криминалните проекти за задоволување на интересите на поединци, зад себе оставија нефункционален град, загаден воздух и нечиста животна средина како наследство од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците  Петре Шилегов, Стефан Богоев како и сите останати градоначалници од редовите на СДСМ континуирано работат на обезбедување чист воздух и здрава животна средина.

Депониите за кои денеска ВМРО-ДПМНЕ лицемерно глуми загриженост, датираат од минатиот век, а единствено што ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници имаат направено за тој потег е што го „трупале“ со отпад и шут. Денес, тоа се менува и се презема конкретна акција.

Дополнително, постојано се засадуваат нови зелени површини како во општина Карпош, така и во сите општини во Град Скопје.

Граѓаните на Скопје ставија крај на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво. На  5 мај повторно ќе ги поразат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска и ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател кој води заедно напред кон развој интеграција и напредок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега