СДСМ: Стравот на ВМРО-ДПМНЕ од дебакл во вториот круг е голем колку и нивните лаги

 

Стравот од дебакл во втор круг кај ВМРО-ДПМНЕ е голем колку и нивните лаги, лажното пријавување е кривично дело и СДСМ најавува соодветна пријава, се вели во соопштението на СДСМ.

„Стравот на ВМРО-ДПМНЕ од дебакл во вториот круг е голем колку и нивните лаги.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за криминали, одговорна за најголемиот скандал за прислушување на граѓаните и упад во приватноста лажно обвинува.

СДСМ јавно ги демантираше лагите дека постои апликација која собира податоци, лични информации, видеа, фотографии или активност на интернет од граѓаните и ги повика сите институции да го потврдат тоа.

Дирекција за заштита на лични податоци веќе направи инспекциски надзор и очекуваме за тоа да ја информира јавноста.

Предупредивме дека ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и тимот на Сиљановска треба да знаат дека лажното пријавување е кривично дело.

Бидејќи лагите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат, СДСМ најавува соодветни пријави пред надлежните правосудни органи.

Вистината е најсилен демант на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега