Беса и Алијансата нема да прават договори за вториот круг претседателски избори

Партиите кои застанаа зад Блерим Река, третиот претседателски кандидат кој отпадна по првиот круг од изборите, нема да направат договор за поддршка ниту со владеачката коалиција ниту со најголемата опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Ова го најавуваат двете албански опозициски партии пред изборите кои ќе одлучат на 5 мај дали Стево Пендаровски или Гордана Силјановска Давкова ќе се пресели во претседателската резиденција на Водно.
Додека портпаролот на Беса беше категоричен по ова прашање, Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, остави мала можност за тоа но само ако двете партии заедно со Река донесат заеднички став.
Инаку Река веќе објави дека деновиве ќе донесе одлука дали некогашниот дипломат ќе остане политички активен.
23.04.2019 - 18:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа