СДСМ: Сиљановска бега од прашања од граѓаните, не е достојна за функцијата за која се кандидира
Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска одбегнала да одговара на прашања од граѓаните, поставени на ФБ страницата на МИА. Ова е ново бегство на Сиљановска од граѓаните откако претходно одбегна соочување со новинарите на Телма телевизија во емисијата „Жешко столче“, се вели во соопштението на СДСМ.
„Тоа е истата матрица на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов. Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ја почитува јавноста и не ги почитува медиумите и новинарите.
Сиљановска упорно бега од народот за кого и самата велеше дека не го познава.
Со тоа Сиљановска потврдува дека не е достојна за функцијата за којашто се кандидира.
Граѓаните нема да дозволат личност што не ги почитува и бега од нивните прашања, личност која не почитува новинари и медиуми да застане на чело на државата.
Затоа, во недела на 5 мај граѓаните масовно ќе го поддржат Стево Пендаровски и неговиот концепт што води напред. Граѓаните ќе изберат вистински, одговорен претседател кој ќе ги почитува граѓаните, новинарите и медиумите“, пишува во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа