Сиљановска: Македонија заслужува промени, промена на име и идентитет не е реформа
Кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова денеска беше во посета на црквата „Св. Петар и Павле“ во Кичево.
При посетата Сиљановска Давкова посочи Кичево за нејзе е град кој што има посебно место во нејзиното срце.
-Јас сум горда на моите корени. Ми претставува задоволство што сум овде денес, на овој голем празник. Би сакала да ви го честитам празникот и да посакам многу љубов, среќа и разбирање, изјави Сиљановска.
Сиљановска додаде дека Македонија заслужува промени. Промена на име и идентитет не е реформа. Ви благодарам на поддршката, очекувам таа да се зголеми на 5-ти мај. Го имате мојот збор дека никогаш нема да ве изневерам. Ќе бидам претседателка од народот, за народот, со народот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа