СДСМ: Со Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ има 130 илјади гласови помалку
Првиот круг од претседателските избори покажа дека ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Хидро Мицкоски има 130 илјади гласови помалку од последните претседателски избори во 2014 година, пишува во соопштението на СДСМ.
„Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска го загубија првиот круг од претседателските избори, имаат помалу гласови од Стево Пендаровски.
Мицкоски е негативен лик кого граѓаните не го сакаат.
Јасно е дека граѓаните во поголем број се определени за напредок, членство во НАТО и ЕУ и не сакаат враќање назад.
Предноста на Пендаровски во првиот круг најавува уште поубедлива победа во вториот круг на концептот што води напред.
Граѓаните нема да дозволат Мицкоски да го закочи напреодкот. На 5-ти мај граѓаните ќе го изберат Пендаровски за нов претседател на државата“, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа