Заев бара натпартиски кандидат за претседател на Македонија

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и партиите од „Сојузот за иднината“ и „Пелистер коалицијата“, вчера договориле нивниот заеднички кандидат за претседател на следните избори да биде натпартиски кандидат, објавува „Дневник“.

- Kолку порано го соопштиме името на кандидатот, толку ќе биде подобро кон граѓаните да го дознаат идниот кандидат за шеф на државата, но и неговата платформа. Засега немаме име за кандидатурата и не е коректно при градење вакви ставови да лицитираме со имиња. Веруваме во личност која е подготвена да биде претседател на сите граѓани. Ги следиме сите истражувања и јавни анкети, како би било најдобро да се пронајде и да се претстави на граѓаните, изјавил Заев по средбата.
 
Заев истакнал дека се утврдува модалитетот за начинот на дејствување на сите партии од „Сојузот за иднината“, за тие да бидат попривлечни и да донесат повеќе гласови и победа на актуелната власт.
- Ако владејачкото мнозинство одлучи заедно со претседателските да има и предвремени парламентарни избори, тогаш дополнително ќе ги градиме нашите ставови. Ние нема уште еднаш да легитимираме уште едни криминални избори, особено не со оние фантастични 1,8 милион гласачи, кога знаеме дека во Македонија нема повеќе од 1,5 милион гласачи. Ако учествуваме на вакви избори, тоа значи легитимирање на сето зло што ~ се нанесува на Македонија со криминални избори, изјавил Заев.
 
Според лидерот на социјалдемократите, Груевски и Самарас треба да ја релаксираат ситуацијата и да седнат за други теми, а не за името.

-Апелирам да има средба меѓу премиерите Никола Груевски и Андонис Самарас за други прашања, за економија, социјала, но не и за спорот за името за да се релаксира ситуацијата, а ако има желба и со помош од меѓународната заедница може да се надминат проблемите, рекол Заев. Според него, Грција и нанесува непоправлива штета на Македонија, но, смета лидерот на СДСМ, прашањето е што Македонија направила за тоа да се случи, особено во периодот од добивањето датум за кандидатски статус.

 
ИЗвор: Дневник
 
03.10.2013 - 09:01

најчитано сега