Лидерот на Златна Зора пренесен во строго чуван затвор

 

Лидерот на грчката крајнодесничарска партија Златна зора, Николаос Михалолиакос, ќе одговара пред судот по обвиненијата за припадност на криминална група. 

Синоќа лидерот на Златнозорците бил изнесен пред истражен судија и обвинител, за да ги слушне обвиненијата за основање и учество во криминална организација.

Тој продолжи да ги отфрлува обвиненијата, а веднаш по завршување на судското рочиште Михалолиакос е пренесен во строго чуван затвор.

Инаку, тој беше уапсен во саботата заедно со други членови на партијата.

03.10.2013 - 09:22
Фото: 
Evesti

најчитано сега