Заев: Железни опинци ќе облечам, просечна плата од 500 евра ќе има
На денешната граѓанска трибина на СДСМ во Куманово, премиерот Зоран Заев вети дека просечната плата ќе биде 500 евра.
„12 земји го ратификуваа протоколот. На крајот на годината на декемврискиот замит ќе го добиеме полноправното членство во НАТО. Водиме политики со кои ќе ја зголемуваме просечната плата. Железни опинци ќе облечам просечна плата од 500 евра ќе има.“, изјави премиерот Зоран Заев вечерва од партиската трибина на СДСМ во Куманово.
30.04.2019 - 21:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа