Османи за повикот на Река: Сите веќе доаѓаат на нашиот концепт, што значи дека идејата била добра
Вицепремиерот, Бујар Османи, ја прокоментира пораката која вчера ја испрати професорот Блерим Река, кој не успеа да влезе во вториот круг од претседателските избори. Река вчера ги повика своите гласачи да излезат масовно и да гласаат за да го спасат евро-атланскиот процес.
-Сите веќе доаѓаат на нашиот концепт. Република Северна Македонија има потенцијал да се движи напред и да избере претседател кој оваа позитивна енергија која ја создадовме ќе и даде повеќе сила и ќе ја материјализира. Тоа што го заговаравме во првиот изборен круг сега гледаме дека и други ни се придружуваат, што значи дека идејата била добра – рече Османи
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа