СДСМ горди на победата: Со Стево одиме напред имаме претседател кој обединува

 

По победата на Стево Пендаровски за претседател на државата, се огласија од СДСМ.

- На слободни, фер и демократски избори граѓаните масовно го поддржаа Стево Пендаровски и  концепт што води заедно напред. Им благодариме на граѓаните за поддршката и јасната определба напредокот да продолжи, преку заедништво и интеграции. Предноста од првиот круг стана јасна, убедлива победа во вториот круг од претседателските избори. Мнозинството граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите останати застанаа зад Стево, вистински претседател на сите граѓани, велат од СДСМ.

 Според нив, Република Северна Македонија конечно доби претседател кој обединува, кој е подготвен да работи во интерес на сите граѓаните, за националните и државни интереси. 

 - Со Стево Пендаровски продолжуваат позитивните промени, продолжува напредокот, државата уште поцврсто зачекорува по патот на заедништвото, напредокот и интеграцијата во ЕУ и НАТО, се вечи во соопштението.

Инаку, тој на вчерашниот втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.

Неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова освои 377.713 гласови или 44,73 отсто. Вкупно на гласање вчера излегоа 844.365 граѓани од вкупно запишаните 1.808.131 граѓани.

Одзивот беше 46,70 отсто. Неважечки ливчиња се 30.442, односно 3,61 отсто.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2019 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега