Делегација на Атланскиот совет на Канада ја пофали трансформацијата на АРМ
Денеска, делегација на Атланскиот совет на КАнада го пости Генералштабот на АРМ. Домаќин на канадската делегација беше директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Пертовски.
Гостите од Канада се запознале со трансформацијата на АРМ, реформите во одбраната и учеството на АРМ во мировните мисии.
Генералот Петровски искажал благодарност за поддршката која МАкедонија ја добива од Канада на патот кон полноправното членство во НАТО. Тој истакнал дека во изминативе петнаесетина години, околу 300 припадници на АРМ се школувале во различни центри за обука во Канада.
Како што информираат од ГШ на АРМ, на чело на Атланскиот совет на Канада била Џули Линдхоут која го истакнала значењето на соработката со Република Македонија на полето на одбраната, посебно осврнувајќи се на учеството на АРМ во мировните мисии.
Делегацијата од Канада на разговорите покажала голем интерес за трансформацијата на АРМ и достигнувањето на стандардите на НАТО, истаккнувајќи ја подготвеноста за натамошно зајакнување на соработката со Канада на полето на одбраната.
Атланскиот совет на Канада е невладина, независна организација, чија основна мисија е промоција на меѓународниот мир и безбедност и политиките на НАТО во Канада, со фокус на односите на Канада и САД со Европа, како и поддршка на активности на НАТО. Делегацијата на овој совет од крајот на септември се наоѓа на патување низ Европа, при што ќе ги посети Турција, Албанија и Македонија.