Милошоски: Власта покажа селективно помирување и амнестија за нивните проекти да поминат
Во денешната емисија „Топ Темa“ гостуваше и Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коаицијата „За подобра Македонија“, кој му реплицираше на Мухамед Зекири потенцирајќи дека власта не направи ништо да дојде до помирување и балансирање на политичките елити, туку покажаа селективно помирување.
- Власта покажа селективно разбирање за помирување, давајќи селективна амнестија за своите проекти да поминат. Тоа не беше чин кој што понуди некакво помирување или некое балансирање на политичките полирализации на општо ниво. Но одговорноста е на власта и ќе видиме во следниот период како ќе се однесуваат, истакна Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа