СДСМ: Лажните пријави на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на виделина, пропадна уште една лага,

 

Пропадна уште една измислица, уште една лага на очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ кое е навикато на креирање непостоечки случаи и лажни вести, велат од СДСМ преку соопштение.

Од СДСМ велат дека како што јавно објави Државната комисија за спречување корупција прекината е постапката отворена против потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски по пријава од ВМРО-ДПМНЕ, поднесена со лажни и нецелосно податоци.

„Ова е уште еден доказ дека целокупното делување на ВМРО-ДПМНЕ е засновано единствено на лажни вести, измислици и дезинформации.

Станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема друг начин на дејствување освен со лажни вести и дезинформации да се обидува да го руши угледот на членови на Владата и на функционери од СДСМ.

Ја охрабруваме Комисијата за спречување корупција да продолжи да работи професионално и независно и да отвора предмети против сегашни но и поранешни функционери.“ стои во партиското соопштение на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2019 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега