ВМРО-ДПМНЕ со тужба до Управен Суд: Бара да се поништи гласањето на едно избирачко место
ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот Суд во Скопје, во која ја обжалува одлуката на Државната изборна комисија, во однос на приговор на ВМРО-ДПМНЕ кој што се однесува на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите на избирачкото место број 1789, за избор на градоначалник на Општина Ново Село, велат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата нагласуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во тужбата бара да поништување на гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на општина Ново Село и гласањето да се повтори во законски определениот рок утврден со Изборниот законик.
„ВМРО-ДПМНЕ во тужбата наведува дека е направена повреда на Изборниот законик, што е констатирано и од самата Државната изборна комисија, заради што таа одлучува да ги разреши избирачкиот одбор за ИМ 1789 во Општина Ново Село, како и целата Општинска изборна комисија за Ново Село, но спротивно на одредбите од истиот Закон Комисијата не одлучи да се прегласува на истото избирачко место.
ВМРО-ДПМНЕ оваа тужба ја поднесува заради фактот што резултатот на ова Избирачко место влијае на конечниот резултат за избор на градоначалник на општина Ново Село.
Очекуваме дека Управниот Суд Скопје воден од правото и позитивните законски прописиќе ја уважи тужбата со што ќе се исправи еден момент од изборниот инженеринг спроведен на последните претседателски избори“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа