СДСМ: Зголемувањето на извозот на земјоделските производи од 7,7 отсто доказ за исправноста на аграрните политики

 

Инвестициите во земјоделството, зголемените и навремени субвенции за земјоделците, конкурентното производство, даваат реални резултати во унапредувањето и развојот на земјоделството, велат преку соопштение од СДСМ.

„Според официјалните податоци, извозот на земјоделски производи во првиот квартал од 2019 година е зголемен за 8 отсто во однос на 2018 година, односно во апсолутни бројки, извозот е за 42,2 милиони евра поголем во однос на првите три месеци од минатата година.

Со формалното членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се отвораат можности за пристап до нови пазари, пристап до нови знаење и технологии што директно ќе придонесе за развој на поконкуретно производство, зголемен извоз и повеќе пари кај граѓаните“ се вели во партиското соопштение.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2019 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега