СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ – симболот за непотизам да учи за одговорно однесување, да ги почитува одлуките на ДКСК и да ги повлече сите роднини
ВМРО-ДПМНЕ го рашири непотизмот до невидени размери. Кога зборува за оваа тема треба да се обрати до Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници кои се пример за непотизам, велат од СДСМ.
„Додека купот роднини не се повлечат од работните места ВМРО ДПМНЕ нема образ да кажува нешто на оваа тема.
Државната комисија за спречување корупција и институционално потврди дека во десетици случаи раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку директни ургенции и влијанија отворало специјални места за нивни членови и блиски роднини.
Антонио Милошовски, Кирил Божиновски, Игор Јанушев и Анастасија Илиевска се само дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се примери за непотизам и вработување роднини во државни институции.
Новиот состав на ДКСК избран на транспарнтен и инклузивен начин денес работи одговорно и професионално. Сите нејзини одлуки мора да се почитуваат.
Опозицијата да учи што е државничко и одговорно однесување, да ги почитува одлуките на ДКСК и да ги повлече сите роднини од работните места“ стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа