СДСМ: 2899 вработени добиваат повисоки плати

 

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа и обезбедување повисоки плати за сите граѓани, пишува во денешното соопштение на СДСМ.

Со одлука на Владата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемени плати почнувајќи од платата за месец април 2019 година, велат од владејачката партија и додаваат:

„Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата, што занчи дека дури околу 80 отсто од вработените од областа на културата ќе имаат повисоки плати.

Со ова се исправа долгогодишна неправда кон вработените во одредени институции кои добиваат различни плати за исти работни места со исти работни обврски.

 

Трендот на раст на платите продолжува, Владата предводена од СДСМ останува посветена на подигање на стандардот во културата и обезбедување повисоки плати и повеќе пари во секое семејство“, стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега