Митовска:СДСМ им го ускрати правото на поголеми пензии на повеќе од 310.000 лица

 

Власта на чело со СДСМ повторно го покажа своето лицемерие кон пезионерите, ова денеска го истакна Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

-На денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика пратениците на СДСМ гласаа против предлог законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата. Со нашиот предлог закон се предвидува враќање на старата методологија за усогласување на пензиите, со цел пензионерите да добијат вистинско покачување на пензиите.  Со одбивањето на ова законско решение СДСМ уште еднаш го покажа своето вистинско лице. СДСМ ветуваше зголемување на пензиите, но наместо тоа пензионерите добија единствено усогласување на пензиите, но не и реално зголемување. Денеска СДСМ им го скрати правото на поголеми пензии на повеќе од 310.000 корисници на пензија, вели Митовска.

Таа додава дека денеска пратениците на СДСМ уште еднаш ги ставија партиските интереси пред интересите на пензионерите.

-ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата како досега така и во иднина ќе продолжат да работат во интерес на пензинерите. Пензинерите имаат право на поголема пензија. ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинтвото на пензионерите во истиот момент кога оваа ненародна власт на СДСМ и Заев ќе замине, а со нив ќе заминат и сите штетни политики и закони кои ги донесоа. Ова законско решение ќе биде вратено на сила и пензионерите ќе добијат повисоки пензии.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега