Имате ли бели точки под очите или капаците - ослободете со од нив со неколку состојки

 

Белите точки се една вообичаена состојба која луѓето ја имаат. Познати се како млечни точки. Иако овие нерамнини најчесто влијаат на новороденчињата, луѓето од сите возрасти можат да се здобијат со вакви точки.

Што се млечните точки?

Млечните или тврди бели точки кои можат да се појават на целото лице се формираат така што креатинот (го произведува кожата) останува заробен под површината на кожата создавајќи мала циста во облик на бели точки (примарни точки). Исто така може да се насоберат и масти (секундарни точки).

Луѓето од сите возрасти можат да ги добијат, но најчесто ги има кај новороденчињата. Најчесто се наоѓаат на лицето, носот, образите и околу очите.

Која е причината?

Причина може да биде оштетување на кожата кај возрасните. Може да се појави поради веќе некоја постоечка состојба на кожата или може да биде нус појава на изгореници, пликови, долготрајно сончање, употреба на стероидни креми, дури и повторени постапки со ласер и дермоабразија.

Во продолжение ќе поминеме низ неколку природни лекови со кои ќе може да ги намалите точките...

Лимон и шеќер

Лимонот има фантастични антибактериски, антисептички, избелувачки и антиоксидантни својства. Тој постојано се појавува во нега на лицето кога станува збор за природни препарати. За ова ви треба шеќер, лимон и маслиново масло. Нежно втријте од смесата на лицето со кружни движења и оставете да отстои на лицето 15 до 20 минути, а потоа измијте.

Мед

Медот ќе ја нахрани и хидрира вашата кожа. Кога ќе го нанесете на кожата , кожата ќе ја задржи влагата која медот ја апсорбира и ќе спречи исушување. Направете пилинг од мед, шеќер и масло од јојоба.

Рицинусово масло

Рицинусовото масло е повеќенаменска состојка која е позната во лечењето на состојби како што се инфекции, запек, проблеми со бешиката, астма. Идеална природна состојка за лечење на состојби на кожата како што се акни и тврди бели точки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега