Независната пратеничка група бара од евроамбасадорите датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни
Денес пратеникот на Движењето АВАЗ, Зеќир Рамчиловиќ заедно со колегите од Независната пратеничка група во Делегацијата на ЕУ учествуваше на состанокот со амбасадорите на земјите членки на ЕУ.
Состанокот го водеше амбасадорот на делегацијата на ЕУ, г-дин Жбогар.
На истиот ги презентирале нивните заложби и активности за членството на Македонија во ЕУ и побарале од нив поддршка за добивање на датум за преговори.
На состанокот го предадовме писмото кое преку амбасадорите ќе биде доставено до нивните држави со кое бараме датум за преговори, велат од пратеничката група.
21.05.2019 - 14:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа