Средба Мицкоски-Мекарти: Владата ги користи државните институции за лични интереси

 

Мицкоски се сретна до Директорот на Меѓународниот републикански институт за Европа, Пол Мекарти.

На средба се потврдија добрите односи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и IRI и се согласија за понатамошна продлабочена соработка.

Мицкоски го информираше Мекарти за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ насочена кон стратешките интереси на нашата земја за членството во ЕУ и НАТО.

На средбата се дискутираше и за актуелната политичка состојба, предизвиците и  реформските процеси.

Мицкоски посочи дека власта доцни со потребните реформи и го нема потребниот капацитет   да ги спроведе истите.

Тој исто така го истакна недостатокот на демократски капацитет кај власта  и злоупотребата на државните институции за свои лични интереси, притоа потенцирајќи ја се поприсутната корупција, непотизам, матни тендери, грантови и други незаконски активности.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за крај порача дека на Република Македонија итно и е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и забрзан  економски раст.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега