СДСМ: Криминалната ВМРО-ДПМНЕ со години го загрозуваше Охридскиот регион
СДСМ денеска со соопштенеи до јавноста за Охрид, кое ви го пренесуваме во целост.
Предлогот на УНЕСКО Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство е резултат единствено на негрижата, неодговорниот и криминален однос на ВМРО-ДПМНЕ кон природното и културно наследство.
10 години ВМРО-ДПМНЕ заради бизнис и криминални интереси, свесно го загрозуваше културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион.
Неконтролираните градби на Плаошник и Галичица, мегаломанските градби на Охридското езеро, познатото „парапетче“ на Груевски, криминалните проекти, Субрата Рој, се само дел од децениската негрижа на ВМРО-ДПМНЕ кон Охрид – заштитеното подрачје од УНЕСКО.
За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, во соработка со општините и граѓанскиот сектор, активно се посвети на решавање на проблемите во регионот.
Предлог одлуката која не е финална е дополнителен мотив за сите институции на локално и национално ниво, да се работи со поголем интензитет за зачувување на нашето уникатно светско наследство.
Сите надлежни инститции се целосно посветени на исполнување на останатите препораки на УНЕСКО и тоа мора да биде остварено бидејќи природното и културно наследство на Охридскиот регион не припаѓа само нашата земја, туку на целиот свет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа