Kузмановска: Со новата социјална реформа, околу 140.000 деца ќе користат детски и образовен додаток

 

Новата социјална реформа, што веќе ја усвои Собранието, суштински ја преобразува социјалната и детската заштита, создаваме вистински систем за извлекување од сиромаштија. Со социјалната реформа, за 20 пати се зголемува опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток. Детскиот додаток кој го користеа 3.200 деца сега, со оваа реформа ќе го користат 73.500 деца. Пристап до образовниот додаток наместо 3.800 дечиња, отсега ќе имаат 64.136 деца. Тоа значи помош за околу 140 илјади деца, кажа пратеничката на СДСМ, Катерина Кузмановска и додаде:

„Им помагаме на семејства на кои помошта им е неопходна. Градиме фер и праведно општество за сите. Овие мерки се влог за мирно и спокојно детство на идните генерации. Создаваме услови, на секое дете му се даде еднаква шанса да може да го постигне својот вистински потенцијал во текот на животот. Со усвојувањето на пакeтот закони, правиме целосна преобразба на досегашниот систем за социјална заштита, воведуваме социјална правда што е основа за градење на фер и праведно општество кое нуди еднакви можности за сите. Како парламентарно мнозинство остануваме целосно посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисок животен стандард и еднакви услови за сите граѓани“, кажа на денешната прес-конференција пратеничката. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега