СДСМ: Државата оди напред, се обезбедуваат повеќе пари за граѓаните

 

Државата пропаѓаше 11 години поради криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Додека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се богатеа, а парите ги трошеа на криминални тендери, барок и споменици, граѓаните тонеа во долгови и сиомаштија, велат преку соопштение од СДСМ.

Од СДСМ нагласуваат дека денес, ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо освен деструкција, лицемерие и лажни вести кои се единствен начин на нивно делување.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со напредокот на државата. Не може да се помири со тоа што државата станува 30 земја членка на НАТО и наскоро ќе добие датум за преговори со ЕУ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека растат платите, дека социјалната помош се зголемува за 300 отсто, а опфатот на деца кои ќе стекнат детски и образовен додаток е за 20 пати поголем.

Само на антинародното ВМРО ДПМНЕ му пречи тоа што државата оди напред, и се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.

Без разлика дали на ВМРО-ДПМНЕ му се допаѓа или не, државата продолжува по патот што води кон развој, напредок и интеграција. Владата предводена од СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат повисок животен стандард за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на лажните вести и деструкциите“ се вели во нивното соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.05.2019 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега