ВМРО- ДПМНЕ: Заев заедно со неговата банда за само две години ја опустоши земјата.

 

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт, се вели во соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

Од ВМРО- ДПМНЕ реагираат и велат дека не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање. 

„Ако имаш 500.000 луѓе сиромашни, а секојдневно државата се задолжува, тогаш економскиот напредок на државата е нула. 

Заев заедно со неговата банда за само две години ја опустоши земјата.

Народните пари служат за исплата на партиските потрчковци преку разни криминални тендери и грантови. Ова не се случува во една држава која блеска.

Македонија ќе заблеска кога Зоран Заев ќе си замине од власт. Само тогаш Македонија ќе се врати на правиот пат и повторно да заблеска“ се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.05.2019 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега