СДСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика пратениците кои се обвинети за криминали да поднесат оставка
Повлекувањето од функцијата пратеник во собранието на Павле Богоевски претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ останува непозната категорија, пишуваат од СДСМ во своето соопштение.
„Оставката на пратеникот Богоевски од морални причини го отвори најзначајното прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?
Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и ќе гласаат ЗА одземање на неговиот мандат?
Се додека опозициската партија не даде одговор на овие прашања нема минимум кредибилитет да зборува за морал и одговорност“ стои воо нивното соопштени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа