Николиќ: Создавање на албанска држава е неприфатливо
Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека обединета албанска држава на Балканот е неприфатливо за Србија.
На прашањата за време на сесијата на Парламентарната асамблеа на Советот на Европа во Стразбург, Николиќ изјавил дека создавањето на албанска држава е нешто неприфатливо, не само за Србија, туку и за ЕУ.
Говорејќи за одосите Србија-Хрватска, Николиќ нагласил дека Белград е посветен на добри односи со Загреб и оти минатото треба да се остави настарана.
„Од минатото треба да се учи. Тоа не може да служи како проблем. Ние живееме денес и утре“, изјавил Николиќ.
Меѓу другото тој најавил дека кон крајот на месецов хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ ќе престојува во Белград, при што изразил надеж дека оваа посета ќе биде можност за подобрување на односите меѓу двете земји, кои „влијаат не само врз односите меѓу земјите од поранешна Југославија, туку и од целиот Балкан“.