ВМРО-ДПМНЕ до Шилегов: Неспособен си како Заев доста глумиш градоначалник

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение до јавноста, кое целосно ви го пренесуваме.

                   Време е Шилегов да престане да глуми градоначалник и да ги засука ракавите да започне да работи.

          Петре Шилегов треба да знае дека функцијата градоначалник освен привилегии носи и одговорности.

          Петре Шилегов година ипол како е градоначалник, а за Град Скопје ништо не стори.

          Не знаеме Шилегов колку е добар за својата партија, но за граѓаните не е.

          Петре Шилегов наместо градоначалник кој работи суштински проекти за граѓаните, тој е градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка, рекламирање како вози тротинет и потпишување на меморандуми за соработка.

          Шилегов демонстрира подеднаква неспособност како и неговиот шеф Зоран Заев.

          Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и тоа се гледа од ден во ден, кој по година ипол позади себе нема ниту еден сериозен проект.

          Шилегов нема  капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2019 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега