Александар Вучиќ: Ќе одам во Косово дури и ако ме гаѓаат со домати, јајца и камења

Српскиот вице-премиер и министер за одбрана Александар Вучиќ најави дека на 12 мај ќе отпатува во Косово за да разговара со претставниците на косовските Срби за спроведување на Договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

- Мојата совест е сосема чиста. Го направив најдоброто што можев и се борев за интересите на својот народ. Ќе одам (во Косово) дури и ако ме гаѓаат со домати, јајца и камења, изјави Вучиќ при гостување во емисија на телевизијата Пинк.

Вучиќ изјави дека ги разбира косовските Срби, но дека не може да го сфати „нивниот обид за промена на политичката карта на Србија“, како и „нивното одбивање да ги почитуваат интересите на сонародниците“ во Србија.

ФОТО: Телеграф 

најчитано сега