Меџити: Владата „Заев 2“ речиси е скроена

 

Лидерите на СДСМ и на ДУИ веќе 90 отсто го имаат постигнато договорот за новиот формат на Владата и во наредните денови се очекува да биде соопштен. Ова го најави потпретседателот на ДУИ Изет Меџити во емисијата „Патот кон“ која се емитува на Алсат.

Според него, тоа треба да биде Влада „Заев2“ за која вели не знае имиња, но ќе се фокусира на економијата.

– Ако ме прашувате за имиња, не ги знам,  вели Меџити за Алсат.

За потсетување, според најавите на премиерот Зоран Заев првите промени се очекува да се случат најдоцна до средината на јуни, а засега не открива имиња за смените. 

– Веќе разговарам со луѓе особено нови луѓе кои треба да дојдат на позиции кои ќе бидат променети и испразнети. Разговорите течат. Секое слободно време го користам за да разговарам со тие луѓе за да можам да потврдам дека се нафаќаат и прифаќаат да ја работат таа работа, така што верувам дека ќе стигнам не подоцна од крајот на првата половина на јуни, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по седницата за пратенички прашања.

Според Заев, партнерските односи со ДУИ се стабилни, а довербата меѓу него и лидерот на ДУИ е голема.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.05.2019 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега