СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го бранат насилството од 27 април

 

Наместо да повика на одговорност, правда и правичност Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се ставаат во заштита на насилниците и осомничените организатори на насилството од 27 април. Исто како неговиот ментор, Никола Груевски, и Христијан Мицкоски го брани насилството на 27-ми април, се вели во рњеакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират дека правда мора да има, дека бруталниот упад во Собранието од 27 април кога се случи обид за убиство на пратеници и државен удар, мора да се расчисти до крај.

За основаноста на било кое обвинение не одлучува ВМРО-ДПМНЕ туку надлежни судски органи и опозициската партија треба да ги остави институциите да го расчистат случајот а сите инволвирани да се соочат со одговорноста.

Особено што искази на осомничени за случајот и јавно достапни информации покажаа дека токму во луксузниот дворец, „на осмиот спрат“ во седиштето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ се кооридинирале активности за бруталниот упад во Собранието на 27 април.

 

Кои и да се нивните имиња, каква и да е поврзаноста, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април мора да сносат одговорност согласно законите, низ соодветна транспарентна судска постапка“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.05.2019 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега