СДСМ: За две години ја направивме Северна Македонија светол пример

 

СДСМ со соопштение кое целосно ви го пренесуваме:

Добивме најпозитивен Извештај од ЕК, безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ а земјава се посочува како светол пример во регионот.

Постигнатиот напредок во рефомите во повеќе сектори е признаен и соодветно вреднуван од страна на Европската комисија.

Во однос на младинските политики, од страна на Европската комисија е поздравена мерката „Гаранцијата за млади“ за која се вели дека е многу важен и позитивен чекор за намалување на младинската невработеност во земјата.

Токму преку оваа мерка, изминатата година се вработија 1.839 млади лица.

Како што е наведено во Извештајот, направен е добар прогрес и во заштита на човековите права и слободи. Комисијата констатира зголемена заштита од говор на омраза и дискриминација.

Во Извештајот се наведува и дека условите за работа и функционирање на граѓанското општество и понатаму се подобруваат, преку нивното директно учество во креирање на политики и во законодавниот процес.

За две години од заробена држава, Република Северна Македонија е светол пример во регионот.

Тоа е признание за реформите, за политиките на владата предводена од СДСМ, но и мотив да се продолжи со евро-атланскиот курс во интерес на граѓаните, на младите и иднината на државата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2019 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега